Кога просторот, станува дом? Think ќе ви помогне да го претворите вашиот простор за живот, во домот кој го посакувате.Со секое парче мебел кое ќе го најдете тука, со вас понесувате предмет на кој ќе започнете да ги испишувате вашите приказни.

We’d love to hear from you

Aдреса

Orce Nikolov 107 ,Skopje

Работно Време

Monday to Friday

10 a.m - 18 p.m

Saturday

10 a.m - 15 p.m

Sunday

closed

Shipping & Returns

УСЛОВИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА НАРАЧКА

Доколку избраниот производ е достапен по нарачка. Рокот за испорака е од 30 до 90 дена, во зависност од производот. За точен рок, ве молиме контактирајте нè на 070/352-991 или на info@thinkhof.mk.

За потврда на нарачката, потребно е да се уплати аванс од 50% од цената на производот. Доколку сакате да направите нарачка или ви се потребни дополнителни информации, слободно контактирајте нè — навремено ќе бидете информирани за статусот и начинот на реализација.

По добивање потврда од наша страна за сигурна реализација на нарачката, истата може да се откаже во рок од 3 работни дена.

Доколку производот пристигне технички неисправен или оштетен, имате право на негова замена или рефундирање на средствата, согласно политиката за рекламации наведена на нашата страна.

Доколку во текот на процесот на реализација, поради виша сила, настане неможност за испорака на производот, уплатениот аванс ќе ви биде рефундиран во целост. Средствата ќе бидат вратени на сметката од која биле уплатени, во рок од 7 до 14 работни дена.

Политика за замена/враќање на производ на барање на потрошувач

Потрошувачот има право во Think да го замени производот во рок од 15 дена сметано од денот на подигнување т.е. достава на производот, со производ со различна големина, боја или друг производ, сè додека оригиналниот производ е неискористен, во состојба за продажба, а производот за замена е на залиха.

Потребно е да се сочувани: изгледот, употребните својства и фабричките етикети на производот. И при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително е да се приложи фискалната сметка или фактура и целокупна друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

Сите дополнителни трошоци за превземање или нова испорака ќе бидат на товар на потрошувачот.

Откако ќе Ви биде доставена пратката, во присуство на транпортерите веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте нè на телефонскиот број или испратете ни e-mail со своите податоци(име, презиме и телефон) и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте нè најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе Ве извести за понатамошната постапка. Продуктите кои што се на распроджба немаат опција да бидат заменети или да се направи поврат на средствата. 

По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигнување т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени барања за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.

Производот не може да се замени доколку е по нарачка, освен ако не е во неисправна функција и спортивно од тоа што е нарачано.