Aдреса
Orce Nikolov 107 ,Skopje
Работно Време
Monday to Friday
10 a.m - 18 p.m
Saturday
10 a.m - 15 p.m
Sunday
closed
Кога просторот, станува дом? Think ќе ви помогне да го претворите вашиот простор за живот, во домот кој го посакувате.Со секое парче мебел кое ќе го најдете тука, со вас понесувате предмет на кој ќе започнете да ги испишувате вашите приказни.
Работно Време
Monday to Friday
10 a.m - 18 p.m
Saturday
10 a.m - 15 p.m
Sunday
closed
Политика за замена и враќање
Потрошувачот има право да побара замена или враќање на производ во рок од 15 дена од денот на приемот.
Замена е можна доколку производот е неискористен, во состојба погодна за продажба, со зачувано оригинално пакување, фабрички етикети и придружна документација, а производот за замена е достапен на залиха. При барањето задолжително се приложува фискална сметка или фактура.
Трошоците за преземање и повторна испорака се на товар на потрошувачот, освен доколку е испорачан погрешен или неисправен производ.
Оштетен или погрешен производ
Ве советуваме производот да го проверите при приемот на пратката.
Доколку производот е оштетен или не одговара на нарачката, контактирајте нè во рок од 24 часа на:Телефон: 070 352 991Е-пошта: info@thinkhof.mk
Во барањето наведете:
име и презиме
контакт телефон
број на нарачка
фотографии од производот
краток опис на проблемот
Во најкраток рок ќе добиете информации за понатамошната постапка.
Ограничувања
Производите на распродажба не подлежат на замена или враќање.
Производите изработени или набавени по нарачка не можат да се заменат или вратат, освен во случај на техничка неисправност или доколку не одговараат на нарачаното.
По истекот на рокот од 15 дена, барањата за замена или враќање нема да бидат прифатени.
Производи и цени
Сите цени се изразени во денари (МКД) и вклучуваат ДДВ.
Think House of Furniture го задржува правото да ги менува цените без претходна најава, како и правото на ненамерни технички или описни грешки.
Нарачки
Нарачките може да се направат преку веб-страницата или преку директна комуникација.
По потврдување на нарачката ќе добиете потврда по е-пошта или порака. Го задржуваме правото да одбиеме нарачка доколку производот не е достапен или постојат други оправдани причини.
Интелектуална сопственост
Целокупната содржина на веб-страницата (текстови, фотографии, визуелни материјали и лого) е сопственост на Think House of Furniture и е заштитена со авторски права. Нејзиното користење, копирање или дистрибуција без писмена согласност не е дозволено.
Ограничување на одговорност
Think House of Furniture не одговара за доцнење во испораката поради околности надвор од наша контрола, ниту гарантира непречено функционирање на веб-страницата без технички прекини.
Измени на условите
Го задржуваме правото во секое време да ги измениме овие услови. Сите измени стапуваат на сила со нивното објавување на веб-страницата.