Кога просторот, станува дом? Think ќе ви помогне да го претворите вашиот простор за живот, во домот кој го посакувате.Со секое парче мебел кое ќе го најдете тука, со вас понесувате предмет на кој ќе започнете да ги испишувате вашите приказни.

We’d love to hear from you

Aдреса

Orce Nikolov 107 ,Skopje

Работно Време

Monday to Friday

10 a.m - 18 p.m

Saturday

10 a.m - 15 p.m

Sunday

closed

Terms & Conditions

ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Потрошувачот има право да изврши замена или враќање на производ во рок од 15 дена од денот на подигнување, односно достава на производот.

Замената може да се направи со производ со различна големина, боја или друг производ, доколку:

оригиналниот производ е неискористенсе наоѓа во состојба погодна за продажбапроизводот за замена е достапен на залиха

Производот мора да ги задржи својот изглед, употребните својства и фабричките етикети. При поднесување на барање задолжително е да се приложи фискална сметка или фактура, како и целокупната придружна документација.

Сите дополнителни трошоци за преземање и повторна испорака се на товар на потрошувачот.

ПОСТАПКА ПРИ ОШТЕТУВАЊЕ ИЛИ НЕСООДВЕТЕН ПРОИЗВОД

По приемот на пратката, препорачливо е производот да се провери во присуство на транспортерот.

Доколку забележите видливо оштетување или несоодветност со нарачката, ве молиме контактирајте нè најдоцна во рок од 24 часа на:

📞 070/352-991📧 info@thinkhof.mk

Потребно е да доставите:

име и презимеконтакт телефонброј на нарачкафотографии од производоткраток опис на проблемот

Во најкраток можен рок ќе бидете информирани за понатамошната постапка.

ОГРАНИЧУВАЊА

Производите кои се на распродажба не подлежат на замена или враќање.

Производите изработени или набавени по нарачка не можат да се заменат или вратат, освен во случај на техничка неисправност или доколку не одговараат на нарачаното.

По истекот на рокот од 15 дена од денот на приемот, потрошувачот го губи правото на замена или враќање. Барањата поднесени по овој рок нема да бидат прифатени.

ПРОИЗВОДИ И ЦЕНИ

Сите цени се изразени во денари (МКД) и вклучуваат ДДВ.

Think House of Furniture го задржува правото да ги менува цените без претходна најава.

Производите се опишани што е можно попрецизно, но не гарантираме дека описите се целосно без грешки.

НАРАЧКИ

Нарачките се вршат преку веб-страницата или преку директна комуникација.

По поставување на нарачката, ќе добиете потврда по е-пошта или порака.

Think House of Furniture го задржува правото да одбие нарачка поради оправдани причини, како што е недостапност на производ.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Целокупната содржина на веб-страницата, вклучувајќи текстови, фотографии, визуелни материјали и лого, е сопственост на Think House of Furniture и е заштитена со авторски права.

Забрането е користење, репродукција или дистрибуција без претходна писмена согласност.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

Think House of Furniture не е одговорен за штети настанати од користење на веб-страницата или за доцнење во испораката поради околности надвор од наша контрола.

Не гарантираме дека веб-страницата ќе функционира без прекини или технички грешки.

ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ

Think House of Furniture го задржува правото да ги менува овие услови во секое време.

Сите измени стапуваат на сила со нивното објавување на веб-страницата.

Корисниците се должни периодично да ги прегледуваат условите за да бидат информирани за евентуални промени.